Ерлинг Халанд вечерва влезе во историјата на норвешкиот фудбал како најдобар стрелец во националниот тим. Халанд со двата гола против Словенија, дојде до бројка од 34 погодоци за Норвешка, со што го надмина Јорген Јуве кој имаше 33 и досега беше најдобар стрелец, иако играше фудбал пред речиси 100 години.
Халанд до 34 гола дојде после само 36 меча. Покојниот Јуве имаше 45 настапи за Норвешка.
Голот на Халанд за историја погледнете го ТУКА.