Некогашниот бразилски репрезентативец Фред (40) беше жртва на крадци пред легендарната „Маракана“ во Рио де Жанеиро. Фред кој е актуелен спортски директор на Флуминесе се подготвувал да си замине од стадионот, кога пред него се појавиле неколку вооружени крадци.
Крадците му впериле пиштол во главата на Фред, а некогашниот фудбалер без да дава никаков отпор, едноставно излегол од автомобилот и дозволил крадците да го одведат неговиот скап автомобил.
Фред е легенда на Флуминесе и втор најдобар стрелец во историјата на клубот со 199 голови. Во Европа се прослави играјќи за Олимпик Лион. Со Бразил настапи на две Светски првенства.