3.8 C
Skopje
четврток, 25 декември 2025

Муарем Муарем е нов тренер на Работнички

Екипата на Работнички во втората полусезона од шампионатот ќе биде предводена од Муарем Муарем. Некогашниот репрезентативец на Македонија кариерата ја има започнато токму во Работнички и тоа е негов матичен клуб, каде што сега се враќа за првпат во улога на тренер.

Муарем Муарем доаѓа на местото на Ален Тупајиќ, кој си замина од клупата само по три меча поминати на кормилото на Романтичарите. Пред Муарем Муарем е голем предизвик затоа што по 16 одиграни мечеви, Работнички е на претпоследното 16-то место на табелата само со седум освоени бода. Тој ќе биде четврти тренер на Работнички сезонава, по Бојан Маркоски, Алпарслан Ердем и Ален Тупајиќ.

Тимот од Дебар Маало има сериозно заостанување од 12 бода во однос на екипата на Брера, која е на седмото место на табелата, последно кое носи сигурен опстанок во Првата лига.

- Оглас -

Најнови вести