Мудар потег на Чурлинов – Келн тргна на патот кон Втората лига

Фрајбург го декласира Келн со 4:1 на гостински терен и го испрати на пат кон Втората германска лига. Гостите одиграа без резултатски императив, но чесно го совладаа домаќинот и го оставија на претпоследното место на табелата, како најсериозен кандидат, заедно со испаднатиот Шалке 04 да бидат нови второлигаши.

Гостите за само 120 секунди во првото полувреме поведоа со 2:0 со головите на Петерсен и на Демировиќ во 18. и 20. минута. Андерсон намали на 1:2 во 50. минута, а клучниот момент за дебаклот на Јарците се случи 12 минути подоцна.

Дуда промаши пенал за израмнување и потоа следеше потоп за Келн.

Грифо и Шмит постигнаа голови во судиското продолжение, го оставија Келн без бодови и на претпоследното место со 29 бода на две кола до крајот на Бундеслигата.

Член на Келн до лани беше нашиот единствен фудбалер во Бундеслигата, Дарко Чурлинов, но во зимскиот преоден рок се пресели во Штутгарт, што излезе мудар потег, со оглед на ситуацијата во Келн.

 

- Оглас -

Најнови вести