Украинското крило на Челзи, Михајло Мудрик, може да биде дисквалификуван дури и ако вториот допинг тест биде негативен, објави новинарот Бен Џејкобс.
Мудрик беше позитивен на мелдониум откако играше за украинската репрезентација во ноември 2024 година. Тој негираше дека свесно користел забранети супстанции, но тоа нема многу да му помогне.
Неговиот примерок Б во моментов се тестира за мелдониум и други соединенија. Ако и овој примерок биде позитивен, на Мудрик не му бега 4-годишна суспензија. Ако примерокот А е позитивен, а Б е негативен, казната може да биде укината.
Но, во случајот на Мудрик има и трета опција. Суспензијата може да биде оставена на сила со одлука на Англиската фудбалска асоцијација само врз основа на првиот тест, но казната за Украинецот ќе биде помала, и нема да биде максимални четири години забрана за настап.