Украинецот Михајло Мудрик, кој е едно од најскапите засилувања во историјата на Челзи, преку социјалните мрежи влезе со преписка со еден навивач на Сините од Лондон, кој ги критикуваше.
Мудрик му даде и еден „непристоен“ предлог на овој свој критичар.
„Што се случува со тебе, по ѓаволите? Дали заборави да играш фудбал? Нешто треба да промениш. Секој пат кога играш, како да имаме човек помалку на терен“, напиша незадоволниот навивач за кого се покажа дека е богаташот Федор Макаров.
Брзо стигна одговорот, и тоа лично од Мудрик.
„Добар си во фудбал? Дојди да играме еден на еден. Тој што ќе победи, освојува 10.000 фунти“, предложи Украинецот.