Ракометната репрезентација на Македонија оствари важна победа (39-34) против Катар во претпоследниот натпревар од Светското првенство. Тимот на Кире Лазаров покажа фанатична борбеност и неверојатна желба за триумф, а тоа го импресионираше и претседателот на РФМ, Живко Муакетов.
„Би сакал да им честитам на момците за одличната игра и победата, но пред сѐ со односот кон националниот дрес. Ракометарите покажаа како треба сите да се бориме за нашата Македонија. Задоволни сме, се надевам дека се и навивачите, на кои сакам да им искажам благодарност што нѐ бодреа. Истовремено жал ми е што сега ги нема во во голем број, тоа е сплет на околности, но сигурно дека ракометарите на најдобар начин се оддолжија за поддршката што ја добиваат. Не беше секогаш така лесно, во минатото бевме и критикувани, но РФМ и селекторот Кире Лазаров покажаа дека оваа репрезентација е на вистинскиот пат и тоа може само да радува“, изјави претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.