Мукаетов: Се надеваме на одлука според важечките правилници на ЕХФ

Сопственикот на РК Алкалоид, Живко Мукаетов, преку „Инстаграм“ им се заблагодари на сите фанови кои дојдоа во СЦ „Борис Трајковски“ да го поддржат тимот во вториот финален натпревар против АЕК во рамките на ЕХФ купот и додаде дека биле исполнети сите барања на надлежните и сега се надева на одлука на ЕХФ која ќе биде според нивните прописи.

„Oгромно БЛАГОДАРАМ од срце на сите кои дојдовте во СЦ ‘Борис Трајковски% да го бодрите РК Алкалоид кон историскиот успех. Чесно, праведно, спортски и витешки пристапивме кон ова натпреварување, целосно. И клубот и прекрасната публика синоќа. РК Алкалоид ги исполни сите барања на надлежните авторитети во поглед на сите организациски аспекти од синоќешниот настан, кој требаше да биде заокружување на една убава приказна во која е вложен многу труд, напор и ресурси. Се надеваме на одлука според важечките спортски правилници на ЕХФ“, напиша Мукаетов.

- Оглас -

Најнови вести