Мукоко е повреден, чудото од дете ќе дебитира за првата екипа на Борусија Дортмунд

Најдобриот фудбалер од неодамна завршеното Светско првенство за играчи до 17 години, Парис Брунер, утре се очекува да го има своето деби за првата екипата на Борусија Дортмунд.

17-годишниот фудбалер ги воодушеви сите со своите игри на Светското првенство, а сега му се укажува шанса и да дебитира првата екипа, откако Јусуфа Мукоко се повреди, па од Борусија Дортмунд и официјално информираа дека Брунер ќе биде дел од првата екипа за дуелот со Лајпциг.

Брунер со репрезентацијата на Германија го освои Светското првенство за играчи до 17 години кое се одржуваше во Индонезија, а до сега настапуваше само за младинската екипа на “милионерите“ од Дортмунд.

- Оглас -

Најнови вести