Мундијалот во 2030 година повторно ќе биде во зима и тоа на три различни континенти!?

Нешто повеќе од два месеци останува до почетокот на Светското првенство во Катар, Мундијал кој ќе биде прв што ќе се игра во ноември и декември. Во изминативе 92 години, планетарниот фудбалски собир секогаш бил во летните месеци (јуни и јули), но сега се прави преседан.

Во Катар има пеколни температури во јуни и јули па затоа ноември и декември се месеците кои се одбрани за најголемиот фудбалски настан кој е еднаш во четири години.

По Катар, на СП 2026 година домаќинската улога ќе ја имаат САД, Мексико и Канада, додека за Мундијалот во 2030 година уште не се знае домаќинот. Таа 2030 година ќе биде одбележување на точно 100 години од првиот Мундијал во Уругвај во 1930 година. Ако најавите се дека тоа првенство ќе биде во Јужна Америка, континентот кој беше домаќин на првиот ваков собир, во конкуренција влегуваат и други земји.

Најавите се дека Саудиска Арабија ќе се обиде да биде домаќин на СП 2030 година и тоа во организација заедно со Египет и Грција. Тоа би бил прв Мундијал што би се играл на три разлчни континенти и тоа Азија, Африка и Европа.

Планот на овие три земји е повторно Светското првенство да биде во зима, односно нешто слично како сега во Катар. Тоа е така затоа што во Саудиска Арабија е многу топло во јуни и јули, а ништо подобра не е ситуацијата ниту во Египет и Грција.

 

- Оглас -

Најнови вести