Мундијалот во Катар засега е понеефикасен од претходниот во Русија, но може да биде и обратно

На Светското фудбалско првенство во Катар, засега се постигнати 163 голови, со што Мундијалот е еден од најефикасните во историјата, но паднаа помалку голови отколку пред четири години на СП во Русија.

На шампионатот во 2018 година, паднаа 169 гола, и таа бројка може да биде достигната ако на мечевите за трето место и финалето паднат барем шест погодоци.

Најефикасни првенства со по 171 гол (просек од 2,67 голови по меч) беа оние во 1998 и 2014 година.

На наредниот Мундијал во 2026 година веројатно ќе биде поставен нов голгетерски рекорд, затоа што ќе има и повеќе земји учеснички и повеќе натпревари.

- Оглас -

Најнови вести