Македонија може да биде 23-та репрезентација што ќе си го исполни мундијалскиот сон ако утревечер од 20.45 часот ја победи Португалија на „Драгао“ во Порто.
Досега 20 селекции си обезбедија настап на Светското првенство во Катар, што ќе се игра во ноември и декември годинава.
Утре пред нас се играат и два реванш-дуели во Африка, меѓу Нигерија и Гана и Сенегал и Египет, па две од нив ќе пополнат уште две места.
Потоа следува тоа што долго го чекаме, меч за историја, на „Драгао“ во Порто со Португалија од 20.45 часот. Македонија за првпат е на чекор, на 90 минути до настап на Светско првенство и може да биде 23-та репрезентација што ќе си обезбеди учество во Катар.
Во исто време, во Хоржов, Полска ќе ѝ биде домаќин на Шведска за уште едно место што води на Светско првенство.
Утре ќе бидат познати и уште три учесници во Катар од Африка, а од 21.30 часот се играат реваншите меѓу Алжир и Камерун, Мароко и ДР Конго и Тунис со Мали.
Canada: ✅
20 teams in, 12 to go pic.twitter.com/zCwAF9mfMg
— B/R Football (@brfootball) March 28, 2022
Македонија досега никогаш не учествувала на Светско првенство и утре ќе има шанса да си го исполни мундијалскиот сон со победа против Португалија.