Веќе е извесно дека на крајот од тековнава сезона Рома и Жозе Мурињо ќе се разделат. Договорот на португалскиот тренер истекува летото 2024 година и тој нема да биде продолжен.
Веднаш се појавија шпекулации дека Специјалниот тренерската кариера ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, но шпанскиот весник „Мундо депортиво“ тврди дека Мурињо е еден од најсериозните кандидати за клупата на Реал Мадрид.
Договорот на Карло Анчелоти со Кралскиот клуб истекува следното лето, нема информација дали ќе биде продолжен, но сè поизвесно е дека тој ќе ја биде новиот селектор на репрезентацијата на Бразил.
За Мурињо тоа би значело враќање на клупата на Реал Мадрид откако и повеќе од успешно ги водеше Кралевите во периодот од 2010 до 2013 година, кога имаше просек од 2,3 поени по натпревар, а освои и по еден трофеј од Ла Лига, Кралскиот куп и Супер купот на Шпанија.