9.8 C
Skopje
среда, 26 ноември 2025

Мур доби предност пред Вајли, утре ќе дебитира за македонската репрезентација

Селекторот на машката кошаркарска репрезентација на Македонија, Марјан Илиевски, ги одбра 12-мината кои утревечер (19 часот, СРЦ Кале) ќе играат со Азербејџан на стартот на претквалификациите за Евробаскетот 2029.

Шанса да дебитира во дресот на македонскиот национален тим ќе добие бекот Омари Мур.

Како што најави селекторот, можно е Мур да игра утре, а другиот натурализиран Македонец, Џејкоб Вајли, да настапи на другиот меч во мини-циклусов, против Република Ирска.

Инаку и Азербејџан има натурализиран играч на бековската позиција што можеби придонесе Илиевски да го одбере Мур пред крилниот центар Вајли.

По вечерашниот тренинг во салата на СРЦ „Кале“, селекторот Илиевски се одлучи за следните 12 кошаркари кои утре треба да ни ја донесат првата победа:

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром

Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром

Стојан Ѓуроски – Работнички

Андреј Митревски – Пелистер

Лука Стојановски – Пелистер

Виктор Ташовски – ТФТ Скопје

Теодор Симиќ – Кожув

Адем Мекиќ – Бора – Косово

Ваљмир Какруки – Сигал Приштина – Косово

Лејсон Зеќири – Башкими – Косово

Андреј Јакимовски – Тренто – Италија

Омари Мур – Валенсија – Шпанија

- Оглас -

Најнови вести