Македонската фудбалска репрезентација вчера ги доби противниците со кои ќе се соочи во следното издание на Лигата на нациите. Првпат ќе играме во Лига Б, а ривали ни се Шкотска, Швајцарија и Словенија.

Стигнаа и реакциите од нашите ривали со кои ќе се бориме од септември до ноември.
Селекторот на Шкотска, Стив Кларк, смета дека групата е изедначена.
„Тимовите се изедначени. Ова натпреварување ни помогна да се пласираме на ЕП 2020, ги знаеме бенефитите. Очекуваме тешки мечеви со сите три противника. Бевме во Лига А минатиот пат, сакаме да се вратиме, но имаме многу работа да завршиме“, вели Кларк.
Швајцарскиот селектор Мурат Јакин знае дека Македонија и Швајцарија никогаш порано не се сретнале во меѓусебен дуел.
„Извлечени сме во многу возбудлива група. Ја познаваме Шкотска од Евро 2024, а Словенија од последните квалификации за Светското првенство. Првиот натпревар против Македонија ќе биде прв во нашата меѓународна историја. Со нетрпение ги очекуваме шесте натпревари и сакаме да докажеме дека припаѓаме во Лигата А“, изјави Јакин.

