Мурат Јакин, селекторот на Швајцарија, си го исполни ветувањето и испрати за Северна Ирска дел од најпознатиот производ на Швајцарците, чоколадо.
Јакин сам учествуваше во пакувањето на пратката, а тоа е награда за фудбалската репрезентација што ја сопре Италија во последниот квалификациски меч, во натпревар без голови и им овозможи на Швајцарците директно да се пласираат на Мундијалот во Катар.
Пред стартот на последното коло, селекторот на Швајцарците им вети на фудбалерите на Северна Ирска по 100 грама чоколадо за секоја минута без примен гол од Италија, а мечот траеше 93 минути и заврши без голови, што значи точно 9,3 килограми чоколадо како награда за Северните Ирци.
https://twitter.com/FootballSwissEN/status/1463541537510510602?s=20