Поранешниот тренер на Серена Вилијамс, Патрик Муратоглу, го даде своето мислење зошто Новак Ѓоковиќ е подобар од останатите тенисери.
„Зборував дека Ѓоковиќ најверојатно ќе биде рекордер по бројот на освоени гранслем-титули уште кога во своите витрини имаше 12 или 13 вакви трофеи. Тогаш тоа го реков поради три причини, а првата е дека уште тогаш беше доминантен. Во тоа време беше подобар и од Роџер Федерер и од Рафаел Надал. Нормално, Рафа беше подобар на земјени терени, но на остантите подлоги Новак беше супериорен. Исто така беше млад и знаев дека телото му е во совршена состојба. Третата причина зошто Новак е најдобар е на менталната сила. Ѓоковиќ е личност која сака да доминира. Бидејќи најголем дел од тениските фанови навиваа за Федерер и Надал и дека отсекогаш Новак имал помалку навивачи, тој сакаше да им се реваншира на терените“, вели Муратоглу.
Новак Ѓоковиќ годинава триумфира дури на три гранслем-турнири, во Мелбурн, во Њујорк и на Вимблдон, и сега има 24 трофеи од најголемите тениски турнири, два повеќе од Рафаел Надал.