Муриќи се пожали: “Израелска полиција нѐ претресуваше во сред Косово“

Репрезентациите на Косово и Израел утре во Приштина ќе го одиграат одложениот натпревар од квалификациите за Европското првенство, кој требаше да се одигра минатиот месец, но беше откажан поради воените судири помеѓи Израел и Палестина.

Селекторите и капитените на двете репрезентации денес одржаа прес-конференција, а косовскиот капитен, Ведат Муриќи, се пожали дека фудбалерите на неговата репрезентација биле претресувани од израелски полицајци.

– “На нашиот аеродром во Косово има израелски полицајци кои се специјално дојдени за да не претресуваат. Ние одиме да играме фудбал, а не во војна. Ова е чудно, ова никогаш претходно не се случило. Ова е фудбал, а не војна. Искрено, ова е скандалозно. Што тие воопшто прават кај нас?“ – вели Муриќи.

Фудбалската репрезентација на Израел обезбедувана од голем број на полициски и воени припадници специјално дојдени од Израел, но и од косовската полиција. Околу нивниот хотел се поставени снајперисти, а така ќе биде и утре околу стадионот “Фадиљ Вокри“ во Приштина.

- Оглас -

Најнови вести