Наместо на фудбалскиот терен и со топка во рацете, Жозе Мурињо во изминативе 20-тина дена е ангажиран да разнесува гајби со овошје и зеленчук до оние луѓе кои не може да излегуваат надвор и потребна им е помош. Мурињо очекува дека во скоро време ќе се донесе одлука да продолжи фудбалот во Англија.
Португалскиот стратег вели дека без разлика што планот е да се играат мечевите без гледачи на трибините, тоа нема да значи многу бидејќи фудбалот секогаш има публика.
„Фудбалот им недостасува на сите, па секако и мене. Тој е дел од мојот свет. Треба да бидеме трпеливи и да ја продолжиме борбата. Ќе биде убаво да се доиграат тие девет кола до крајот на шампионатот. Ако играме пред празни трибини, тоа нема да значи дека ќе играме без гледачи. Преку телевизиските преноси фудбалот ќе стигне до милиони гледачи, па затоа стадионите никогаш нема да бидат празни“, вели Мурињо.