Мурињо: „Ако кажам што мислам, ќе ме казнат со 10 натпревари“

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо сè уште не може да го преболи поразот од Рома во финалето на Лигата на Европа минатата сезона. Во телевизиско гостување на Португалецот му беа покажувани фотографии од неговата кариера, а тој кусо ги коментираше.

Кога дојде на ред фотографијата од финалето на Рома против Севиља, Мурињо кусо прокоментира:

„Ако кажам што мислам, ќе ми забранат да ја водам екипата на 10 натпревари.“

 

- Оглас -

Најнови вести