Мурињо: Ако Сити биде казнет и Јунајтед ја добие титулата од 2018, треба да добијам бонус и медал!

На прес-конференцијата во пресрет на утрешниот натпревар од Лига Европа помеѓу Фенербахче и Манчестер јунајтед, тренерот Жозе Мурињо кој сега е во Фенер, а во минатото седеше на клупата на Манчестер, имаше свое шоу пред новинарите.

Мурињо се пошегува дека неговиот поранешен клуб би можел да стане шампион на Англија за сезоната 2017/18 доколку Манчестер сити биде казнет за 115-те финансиски прекршоци за колку што се води истрага против нив.

Јунајтед предводен од португалскиот стручњак, таа сезона заврши на второто место во Премиер лигата, со 19 бода зад Сити.

„Ја освоивме Лигата на Европа, го освоивме второто место во Премиер лигата. Мислам дека уште имаме шанси да го освоиме тој шампионат бидејќи можеби Манчестер сити ќе биде казнет. Тогаш ќе треба да ми платат и бонус и да ми дадат медал“, изјави Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести