12.8 C
Skopje
петок, 24 октомври 2025

Мурињо бара нови засилувања за Бенфика: „Понекогаш еден или двајца се доволни да го подобрат тимот“

Tренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, призна дека тимот има потреба од подобрување и најави дека ќе се обиде да го направи тоа во јануарскиот трансфер прозорец. Бенфика претрпе убедлив пораз со 0-3 од Њукасл во Лигата на шампионите, а утре ги очекува дуел со Арука во португалското првенство.

„Мислам дека ни недостасува нешто. И тоа нешто не се 10 играчи, ниту 15, ниту 5. Често е доволен еден играч со одреден профил, со искуство или карактеристики кои другите ги немаат. Понекогаш еден или двајца играчи се доволни за да го подобрат тимот и целата динамика. Во јануари, Бенфика сигурно ќе донесе еден или двајца играчи кои ќе ни помогнат да ја подобриме екипата“, изјави Мурињо.

Португалскиот стратег исто така зборуваше за развојот на младите играчи.


„Ако има некој кој сака да дава шанса на млади фудбалери, тоа сум јас. Во минатото работев со играчи како Варан, Скот Мектоминеј, Петр Чех, сите на 18 години. Во нашиот тим има млади и некои од нив ќе успеат да стигнат далеку. Во борбата за титулата ќе бидеме во игра, а се надевам дека ќе бидеме конкурентни и во Лигата на шампионите“, посочи стратегот на Бенфика.

- Оглас -

Најнови вести