Жозе Мурињо летово дојде во Рома со цел да го врати клубот на победнички патеки. Уште од првиот тренинг започна со строги тренинзи и најави дека ќе бара од фудбалерите целосно фокусирање на теренот.
Сепак, на уште непочната сезона, Мурињо се пожали дека се соочува со неочекуван проблем. Голем дел од фудбалерите се „заразени“ со играње на популарната видео игра „Фортнајт“.
„Фортнајт? Тоа ми е ноќна мора. Фудбалерите остануваат будни по цела ноќ играјќи ја таа глупост, без разлика што следниот ден треба да играат натпревар“, се пожали Мурињо за клупската телевизија.
Оваа видео игра е една од најпознатите во светот, а освен играчите на Рома, познати по тоа дека ја играат се и Антоан Гриезман, Деле Али, Месут Озил и уште многу други.