Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, верува дека Португалија ќе биде еден од кандидатите за освојување на Светското првенство кое следната година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
„Ако го погледнете составот на Португалија, ќе видите дека има играчи од најголемите португалски клубови и од водечките европски клубови. Португалија секогаш е меѓу фаворитите, но никогаш не го достигна врвот. Бевме блиску во 1966 и 2006, кога стигнавме до полуфиналето, но отпаѓавме само на чекор од сонот. Сега имаме нови таленти и нова енергија. Фудбалскиот сојуз создава одлични услови, а да кажеме дека немаме амбиции да го освоиме светското првенство – би било глупост“, вели Специјалниот.
Португалија сè уште го нема обезбедено пласман на Мундијалот, но има максимални шест бода од два натпревари во групата со Ерменија, Унгарија и Ирска.