Жозе Мурињо најголемите успеси додека работеше во Италија ги имаше со Интер, но сезонава во Серија А навива за Рома и посакува Волчицата да го освои Скудетото, иако не верува дека тоа ќе се случи.
Мурињо, кој е тренер на Бенфика, смета дека трката за титулата во Италија е меѓу Интер, Милан и Наполи.
„Интер е врвен тим со одличен потенцијал, исто и Наполи. Милан игра само еднаш неделно, имаафантастичен тренер. За жал, мислам дека битката ќе биде меѓу овие три тима. Би сакал Рома да биде првак, дури и би отишол на прославата на титулата во Циркус Максимус, но не мислам дека ќе се случи тоа“, изјави Специјалниот.
Циркус Максимус е местото во Рим каде што навивачите на Рома се собираат да ги прославуваат трофеите. Мурињо тоа искуство го почувствува во 2022, кога со Рома ја освои Конференциската лига.

