Мурињо чека пораз на Борусија во „Дербито на Рур“

Луцијан Фавр е под голем притисок и ако загуби во сабота во големото дерби на Рур од Шалке 04, ќе биде сменет од кормилото на Борусија Дортмунд.

Веќе е подготвена и неговата замена, а германските медиуми најавуват дека следен тренер на популарните Милионери ќе биде Жозе Мурињо.

Борусија има одличен тим, екипата е преполна со талентирани играчи и клубот е во добра позиција на двата најважни фронта сезонава.

Во Бундеслигата заостануваат само еден бод зад водечкиот двоец Борусија Менхенглдабах и Волфсбург и остануваат во игра за титулата, а и во Лигата на шампионите шансите за пласман понатаму не се загубени и покрај поразот од Интер.

Фавр сепак ќе мора да избегне пораз во Гелзенкирхен против Шалке 04, ако не сака да биде сменет. Мурињо имал разговори со претседателот на Борусија, Ханс Јоаким Вацке, и со спортскиот директор Михаел Цорк и веројатно ќе прифати да биде нов кормилар на Милионерите ако Фавр биде сменет.

 

- Оглас -

Најнови вести