Мурињо: Да бидам тренер во Баерн? Зошто да не…

Како што се доближува крајот на фудбалската сезона во Европа, така сè погласни се шпекулациите за тоа во кој клуб ќе биде тренер Жозе Мурињо. Најавите се дека португалскиот стратег ќе работи во земја во која досега никогаш не бил тренер, а од елитните лиги тоа се Германија и Франција.

Првично се шпекулираше дека Франција е неговата следна дестинација, и тоа Олимпик Лион, но сега се сменија работите. Можно е Мурињо да биде нов тренер на најтрофејниот германски клуб Баерн Минхен. Дури и самиот Мурињо не демантираше дека тоа може да се случи во многу блиска иднина.

„Никогаш не сум работел во Германија. Зошто да не? Ќе видиме“, беше одговорот на Мурињо,на поставеното прашање дали може да биде новиот тренер на Баерн Минхен.

Во моментов тренер на Баерн е Нико Ковач, но на баварскиот гигант не му оди баш најдобро. Веќе со месеци се шпекулира дека Ковач може да добие отказ, но и да се случи да ја заврши сезоната, во летниот период можно е да дојде до смена на клупата на Баерн Минхен, кој е клуб за високи дострели.

„Сакам да ја освојам Лигата на шампионите со три различни клубови, но и да стигнам до титула во пет различни првенства“, откри Мурињо.

 

- Оглас -

Најнови вести