Екипата на Рома одигра само 1:1 против тимот кој што е веќе во втората лига на Италија, Венеција.
Тимот од Рим упати дури 46 удари кон противничкиот гол, имаше четири пречки односно стативи и дури 20 корни, но не успеа да ги запише трите бода.
Како и секогаш, така и овојпат Жозе Мурињо имаше мало свое шоу на прес конференцијата по натпреварит.
„Да имавме повеќе среќа во текот на целата сезона јас ве уверувам дека ќе се боревме за титулата. Вака останува да се надеваме на трофеј во Конференциската лига, а следната сезона да бидеме далеку подобри.
Тешко е да се даде гол против екипи кои што се бранат со десет фудбалери, а сакавме да ги израдуваме навивачите со победа, но, и покрај тоа јас сум им благодарен бидејќи ние сме една голема фамилија“ изјави Мурињо.
Во финалето од Конференциската лига, Рома на 25 овој месец во Тирана ќе игра против Феенорд.