Мурињо денес може да го избрка тренерот кој пред една година дојде на негово место во Манчестер

Минатата година, на 4 декември, Жозе Мурињо беше менаџер на Манчестер јунајтед. Сепак само 10-тина дена подоцна Мурињо доби отказ поради слабите резултати, а на негово место беше назначен Оле Гунар Солскјер. Со Солскјер на чело, Манчестер почна да игра многу подобро, дури постави и рекорд од осум победи во низа на гости и се чинеше дека Норвежанецот е вистинското решение наместо Мурињо.

Сепак, речиси точно по една година од тренерската смена во Манчестер, на „Олд Трафорд“ повторно се враќа Мурињо. Португалскиот стратег вечерва ќе биде на легендарниот стадион, но ќе седи на клупата наменета за гостинскиот тренер. Мурињо го предводи Тотенхем и се надева дека ќе ги освои трите бода од гостувањето кај неговиот поранешен клуб.

Тоа што се најавува во Англија е дека доколку Црвените ѓаволи вечерва загубат, може повторно да се случи тренерска смена. Солскјер сезонава не успеа да ја пронајде вистинската игра во тимот, па затоа по 14 меча, Јунајтед има освоено само 18 бодови, што е најлош старт на клубот во последните 31 година. Со ваков биланс и евентуален пораз вечерва, може да се случи повторно да има тренерска смена. И тоа, Солскјер да биде сменет од тренерот на чие место дојде во клубот.

Манчестер загуби на три од последните седум меча со Тотенхем на „Олд Трафорд“. Интересно е што во претходните 36 меча со овој ривал на свој терен билансот им е 27 победи, 7 ремија и само два порази, што покажува колку е Манчестер ранлив во последните неколку години откако на клупата го нема легендарниот Сер Алекс Фергусон.

Манчестер вечерва ќе биде без повредените Погба и Марсијал, а неисвесни се Мектоминиј и Матиќ. Гостите ќе бидат без Љорис, Ворм, Ламела и Дејвис.

МОЖНИ СОСТАВИ

Манчестер јунајтед – формација: 4-2-3-1

Тотенхем – формација 4-2-3-1

- Оглас -

Најнови вести