Мурињо до Клоп и Гвардиола: Некако не ве слушав да плачете поради нас

Жосе Мурињо упати порака до неговите големи ривали Пеп Гвардиола и Јирген Клоп, да престанат да се жалат поради напорниот распоред кои ги имаат Манчестер сити и Ливерпул, затоа што двајцата тренери молчеле кога Тотенхем бил во таква ситуација.

Португалскиот стратег потсети дека на почетокот на сезоната, Тотенхем во 18 дена има одиграно осум натпревари, што е неверојатно темпо за игра.

„Во еден момент одигравме четири меча за една недела, а тогаш не слушнав некој да плаче поради пеколниот распоред што го добивме. Сега моите колеги некако се многу гласни за овој проблем“, рече Мурињо во пресрет на дербито на Тотенхем против Арсенал.

Тотенхем одлично ја отвори сезоната, па по 10 одиграни кола тимот на Мурињо е лидер во Премиер лигата со 21 бодови. Арсенал е далеку послаб, па со 13 бодови ја држи 14-тата позиција на табелата.

 

- Оглас -

Најнови вести