Мурињо доби понуда од Саудиска Арабија, но не се бара од него да биде тренер

Жозе Мурињо доби интересна понуда од Саудиска Арабија и лесно може да се случи да се пресели на Блискиот Исток иако од него не се бара да биде тренер.

Мурињо на 16-ти јануари годинава се раздели со Рома, а изминатите неколку дена се поврзува со клупата на Фенербахче, но се чини дека на крајот ќе заврши во Саудиска Арабија.

Имено, екипата на Ал-Кадсија кој обезбеди пласман во саудиска Про лига, има големи амбиции за следната сезона и го сака Мурињо како технички директор, кој притоа би имал целосна контрола врз трансфер политиката на клубот како и на работата на тренерите во сите категории.

- Оглас -

Најнови вести