Мурињо доби црвен картон, Фенербахче ремизира со Манчестер јунајтед (Видео)

Фенербахче и Манчестер јунајтед во Истанбул го одиграа најинтересниот натпревар од вечерната програма во Лигата на Европа. Дуелот заврши 1-1, а Жозе Мурињо доби црвен картон на почетокот на второто полувреме.


Кристијан Ериксен го доведе англискиот тим во водство со голот во 15-тата минута, а израмни Јусеф Ен Несири во 49-тата минута од мечот. Така тимот на Ерик тен Хаг нема победа во Лигата на Европа ниту по три кола, откако и третпат ремизира.

На врвот се Лацио, Тотенхем и Андерлехт со максимални девет бода по три кола.
Лацио го победи Твенте на гости со 0-2, со головите на Педро и на Исаксен, а

Тотенхем со 1-0 славеше против АЗ Алкмар. Ришарлисон од пенал погоди во 52-рата минута од мечот.

Андерлехт со 2-0 го доби Лудогорец, а Атлетик Билбао ја победи Славија Прага со 1-0, со голот на Нико Вилијамс.

Порто со 2-0 беше подобар од Хофенхајм, а Бешикташ со 0-1 славеше против Лион на гости.

Ренџерс со 4-0 ја декласира ФЦСБ, а Олимпијакос на гости го победи Малме со 0-1.

- Оглас -

Најнови вести