Мурињо дочека да му се одмазди на Пол Сколс

Жозе Мурињо од декември остана без тренерска работа, откако доби отказ во Манчестер јунајтед, па сега работи како стручен коментатор. Додека беше на чело на „црвените ѓаволи“, Португалецот постојано беше изложен на критики, посебно од дел од легендите на најтрофејниот англиски клуб. Еден од оние кои не се сложуваше со Мурињо и неговиот стил на работа на „Олд Трафорд“ беше Пол Сколс.

Во тој период, Мурињо ги трпеше сите критики, но сега дојде време тој да му „наплати“ на Сколс. Некогашниот англиски репрезентативец неодамна беше назначен за тренер на Олдам, но само по 31 ден поминати на клупата на овој англиски нисколигаш, Сколс реши да си замине. Тоа го искористи Мурињо, кој веднаш имаше што да искоментира.

„Пол Сколс ме критикуваше кога бев менаџер во еден од најдобрите клубови во светот. Тој сега издржа да биде тренер во Олдам само 31 ден. Подобро му е да се врати во студио“, рече Мурињо.

 

- Оглас -

Најнови вести