Мурињо: Победа во стилот на Ѓоковиќ, 6-1 прв сет!

Манчестер јунајтед вчера се распадна на „Олд Трафорд“ во поразот од 1-6 од Тотенхем, а Жозе Мурињо ги дочека своите пет минути. Со секој нареден гол во мрежата на Де Хеа, растеше егото на Специјалниот, а подоцна на прес-конференцијата му се допадна играта која ја почна еден новинар од „Спорт клуб“.

„Ова беше победа во стилот на Новак Ѓоковиќ, 6-1 во прв сет“, почна новинарот, на што Мурињо се надоврза:

„Новак редовно бележи вакви победи, додека за нас воопшто не е лесно да оствариме ваков резултат. Ваква победа се случува само еднаш во кариерата“, одговори португалскиот стратег, кој е голем фан на првиот светски рекет.

Во меѓувреме, сосема очекувано е Ѓоковиќ денес да приреди сличен резултат во дуелот против Карен Хачанов, во којшто ќе се обиде да обезбеди пласман во четвртфиналето на Ролан Гарос.

- Оглас -

Најнови вести