Мурињо е кошмар за англиските колеги

Маркус Рашфорд со гол во 92. минута му донесе победа на Манчестер јунајтед на гостувањето кај Борнмут со 2:1, и на својот тренер Жозе Мурињо му ја донесе привилегијата да се фали дека нема пораз во дуелите со екипи кои имаат англиски тренери.

Мурињо на клупата на Јунајтед има 21 меча (17 победи и 4 ремија) без пораз од англиски тренер. Последен пораз од англиски стратег му беше токму од Борнмут на Еди Хаув во 2015 година, но тогаш „Специјалниот“ беше тренер на Челзи.

Средбата не почна добро за тимот на Мурињо, Борнмут опасно нападна и поведе со голот на Вилсон, кој има 10 голови или асистенции сезонава, и заедно со Еден Азар е најкорисен играч во Премиерлигата. Манчестер само еднаш сезонава не прими гол.

Но, потоа гостите заиграа многу подобро, па преку Марсијал изедначија во 35 минута. Французинот првпат во кариерата на четири премиерлигашки меча по ред дава гол.

Кога се чинеше дека нема да има победник, Маркус Рашфорд добро се снајде во една мешаница пред противничкиот гол, во 94 минута, и го совлада Беговиќ. Рашфорд кој пред неколку дена наполни 21 година, по вторпат сезонава му носи триумф на Јунајтед со гол во судиското продолжение.

 

- Оглас -

Најнови вести