Мурињо е на два чекори од нов европски трофеј: Рома е последниот полуфиналист во ЛЕ (Видео)

Екипата на Рома дури после продолженијата успеа да го елиминира Феенорд, во репризата од минатогодишното финале од Конференциската лига. Холанѓаните имаа предност од 1-0 од првиот натпревар, но и Рома победи со еден разлика после регуларните 90 минути.

“Римската волчица“ поведе преку Спинацола во 60-тата минута, но Феенорд израмни преку Игор Паиксо во 80-тата минута.

На само една минута пред крајот на регуларните 90, Рома успеа да постигне уште еден погодок, овојпат преку Дибала и да го одведе мечот во продолженијата.

Во дополнителните 30 минути Рома само го потврди пласманот во полуфиналето преку Ел Шарави и Пелегрини за конечни 4-1.

Рома за противник во полуфиналето на Лигата на Европа ќе ја има екипата на Баер Леверкузен.

- Оглас -

Најнови вести