Мурињо е опасен, тргна против „својот“ Интер за да му украде големо засилување

Жозе Мурињо ќе се обиде да направи подвиг и да го донесе Пауло Дибала во Рома, иако како сигурна варијанта се најавуваше трансфер на Аргентинецот во Интер.

Дибала заврши со Јувентус и ова лето ќе биде слободен агент, па потоа сака да го искористи Мурињо и да го престигне „својот“ Интер, клубот со којшто пред повеќе од една деценија освои триплета, како шампион на Италија, на Европа и го освои и пехарот во домашниот куп.

Со одличниот Аргентинец во тимот, Рома би била еден од фаворитите за Скудетото веќе од идната сезона, а титула во Рим кај Волчицата се чека веќе над децении и последниот пехар е освоен во сезоната 2000/2001.

За Дибала има огромен интерес и иако Интер е голем фаворит за негов ангажман. тоа веќе и не е толку сигурна варијанта.

Покрај Мурињо и Рома, сега заинтересирани се и Арсенал и Тотенхем, а свои адути има и Атлетико Мадрид.

Дибала надвор од својата земја Аргентина досега има играно само во Италија, и тоа за два клуба.

Од Институто, кој му е матичен клуб, во 2012 година пристигна во Палермо, а во 2015 година го засили Јувентус, клуб за којшто играше 7 години и ова лето си заминува како слободен агент.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести