Мурињо е разочаран од напаѓачите

Португалскиот тренер Жозе Мурињо, ги критикуваше своите фудбалери после нерешениот резултат на „Олд Трафорд“ против Вулверхемптон. Според Мурињо, неговиот тим не заслужил подобар резултат од оние 1:1, поради односот кон мечот.

„Резултатот не е добар, но е реален. Вулверхемптон играше како да е финале на Светско првенство, а таков фудбалски пристап требаше да имаме и ние, но немавме. Секогаш треба да се игра со 100 проценти од силите. Во Премиерлигата, ако играте со 20 отсто од можностите, тешко дека можете да победите“ – рече Мурињо.

„Очекував повеќе од моите напаѓачи. Немаше никаква креативност кај нив, слабо се движеа, немаше динамика“ – додаде Мурињо, кој не спомна имиња, но секако мислеше на Алексис Санчез кого го повлече од игра во 60 минута, и на Ромелу Лукаку, кој одигра потпросечно.

- Оглас -

Најнови вести