Мурињо: “Еден ден сигурно ќе одам во Саудиска Арабија“

Екипата на Рома се наоѓа во катастрофална форма и веќе се погласни се шпекулациите дека Жозе Мурињо ќе биде отпуштен, а на негово место ќе дојде поранешниот селектор на Германија, Ханси Флик.

Ваквите шпекулации уште повеќе ги подгреаја најавите дека следната дестинација на “специјалниот“ ќе биде Саудиска Арабија.

– “Ќе одам во Саудиска Арабија кога ќе имам слободно време, а сигурен сум и дека ќе работам таму. Не знамкога, но прилични сигурен сум дека ќе одам. Никој не може да знае што ни носи иднината, но сигурен сум дека во еден момент ќе работам таму.“ – кусо ги прокоментира овие шпекулации Жозе Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести