Жозе Мурињо останал цели четири часа на стадионот на Тотенхем откако му соопштиле дека добил отказ и постојано се расправал со фудбалерите.
Ова се дел од интересните детали што ги откриваат новинарите на британски „Телеграф“.
Специјалниот беше сменет пред два дена, а пред почетокот на тренингот бил повикан од Дејвид Леви и му било соопштено дека добива отказ.
Потоа Мурињо, според тврдењето на „Телеграф“, останал на стадионот и се објаснувал со играчите, а со дел од нив и влегол во вербален конфликт пред да си замине.
Португалецот издржа и одработи само 17 месеци од четиригодишниот договор што го потпиша со Тотенхем во ноември 2019 година. Според условите во договорот, Мурињо би требало да добие околу 30 милиони фунти како отштета за предвремен раскин од страна на клубот.