Мурињо фати крив правец со Тотенхем – Кејн ќе си оди ако нема подобрување

Хари Кејн е највредниот фудбалер на Тотенхем во моментов, но размислува да го напушти клубот и вели дека тоа сигурно ќе се случи, ако не се смени нешто во скоро време.

„Многу го сакам Тотенхем, но и секогаш ќе ја кажувам вистината. Во моментов вистината е болна за нас и не напредуваме. Напротив одиме во погрешна насока. Ако остане и понатаму ваквата ситуација ќе си заминам. Имам амбиции и секогаш сакам повеќе, а не помалку. Одлуката е тешка, ќе видиме, сега на потег е клубот“, вели Кејн.

Тој моментно минува низ период на рехабилитација, откако се повреди и подолг период не игра. Кризата со Коронавирусот за Кејн беше добредојдена, бидејќи во Англија и во Премиерлигата фудбал не се игра, па можно е да закрепне навреме за да ја доигра сезоната.

Тотенхем има скромна сезона и се наоѓа на осмото место во најсилната англиска лига со 41 бод, 7 помалку од позициите што гарантираат настап во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести