Мурињо: Фудбалерите на Рома имаат „лузерски“ менталитет

Жозе Мурињо очекувано беше разочаран по настапот на неговите фудбалери во дербито против Јувентус, кое го загубија со 4:3.

Тимот од Рим имаше предност од 3:1 до 70-тата минута, но примија три едноподруго погодоци во период од седум минути, што ги чинеше нови три бода.

„Фудбалерите на Рома имаат ‘лузерски’ менталитет, додека јас такво нешто немам.

Водевме и го контролиравме натпреварот до 70-тата минута, а потоа се изгубивме. Да завршеше средбата кога водевме 3:1, ќе им кажев дека одиграа перфектно, но, за жал, не заврши тогаш“, изјави Португалецот.

Рома по овој пораз остана на 32 бодови и е на делба на седмото место со Лацио и Фиорентина.

- Оглас -

Најнови вести