-1.2 C
Skopje
сабота, 24 јануари 2026

Мурињо ги „боцна“ Реал и Арбелоа: Изненаден сум што неискусни тренери водат големи клубови

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, кој го водеше Реал Мадрид од 2010 до 2013 година, не го спомна Кралскиот клуб, но веројатно мислеше на него кога даде една провокативна изјава поврзана со актуелниот тренер на „Лос Бланкос“, Алваро Арбелоа.

„Има луѓе кои не постигнале ништо во текот на нивните тренерски кариери, а сепак раководат со големи клубови. Изненаден сум кога неискусни тренери добиваат шанса да водат големи клубови. Мислев дека најдобрите тренери се оние кои победуваат и постигнуваат најголем успех. Тоа веќе не е случај“, рече Мурињо.

Арбелоа играше за Реал Мадрид во времето кога Мурињо му беше тренер, а интересно е дека во последното осмо коло од лигашкиот дел на Лигата на шампионите, Бенфика на Мурињо ќе се сретне токму со Реал на Арбелоа.

- Оглас -

Најнови вести