Рома ги доби двата натпревари на кои поради суспензија го немаше тренерот Жозе Мурињо, па португалскиот стручњак се пошегувал со фудбалерите дека штом победуваат без него, нема да се врати на клупата, туку ќе продолжи мечевите да ги гледа на лаптоп во клупскиот автобус.
Волчицата победува, а Жозе не сакаше да биде ниту на стадион на мечевите со Специја и Аталанта, туку гледаше на лаптоп, седнат во клупскиот автобус, и зааега добро му оди.
„После мечот со Аталанта, Мурињо ни кажа дека штом се справуваме толку добро во негово отсуство, нема да се враќа на клупата. Тој ме пофали што не сум добил картон. Не паметам кога последен пат ме пофалил за нешто“ – откри Џанлука Манчини.