Актуелниот тренер на Рома, Жозе Мурињо, изјави дека кон сите свои бивши клубови чувствува љубов и поврзаност освен за Тотенхем.
Специјалниот во Тотенхем работеше од ноември 2019 до април 2021 година и дури ни тој не успеа во клубот да донесе победнички менталитет.
„Тотенхем е единствен клуб што сум го водел, а да не сум останал врзан за него. Не знам зошто е тоа така. Можеби затоа што поради корона-вирусот игравме на празен стадион или поради тоа што претседателот Леви не ми дозволи да го водам тимот во финалето на Лига купот и да освојам трофеј“, вели Мурињо, кој на листата на ексклубови ги има уште: Леирија, Порто, Интер, Реал Мадрид, Челзи и Манчестер јунајтед.