Мурињо го најави финалето на ЛЕ: Ако ние имаме поголем буџет, значи играчите на Севиља имаат мали плати!

Севиља и Рома утревечер во Будимпешта го играат финалето на Лигата на Европа, по кое ќе се знае дали Шпанија или Италија ќе имаат пет тима во Лигата на шампионите во следната сезона.

Севиља е експерт за ова натпреварување, има шест титули и ниту еден пораз во финалните дуели, додека адут на Рома е тренерот Жозе Мурињо, кој има пет победи во пет финалиња во европските купови. Тој се изненади од информацијата дека Рома има поголем буџет од Севиља.

„Ако е вистина дека ние имаме поголем буџет од нив, значи дека играчите на Севиља заработуваат малку. Ние во составот имаме деца од Б тимот на Рома. Ако тие имаат поголеми плати од Ламела, Ен Несити или Монтиел, значи дека ѕвездите на Севилљ се слабо платени“, анализираше Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести