Жозе Мурињо се сопна на својот втор натпревар како тренер на Бенфика, лисабонските Орли ремизираа 1-1 со Рио Аве во португалското првенство, а Специјалниот по натпреварот го критикуваше ВАР-системот.
Судијата ѝ поништи гол на Бенфика откако беше повикан на мониторот и досуди прекршок од Николас Отаменди. Рио Аве изедначи во 91-вата минута со прекрасен гол.
„Резултатот е целосно неправеден бидејќи само еден тим сакаше да победи, а другиот сакаше да одигра нерешено, Рио Аве даде фантастичен гол од единствениот шут. Но, тоа е фудбалот. Наивно ги примивме голот. Немаме право да примиме таков гол по огромниот напор што го вложивме за да победиме“, рече Мурињо, а потоа им се нафрли на судиите.
„Не ми се допаѓа кога лицето зад мониторот станува главен лик. Не прифаќам дека гол може да биде поништен затоа што некој влече нечија маица. Судијата дефинитивно нема карактер“, изјави лутиот Мурињо.