14.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Мурињо го понижи Фенербахче, а сега стигна одговорот од Истанбул

Неславно заврши авантурата на Жозе Мурињо како тренер на Фенербахче. Португалскиот стратег го водеше турскиот гигант на 62 меча во кои имаше 37 победи, 14 нерешени и 11 порази и не успеа да донесе ниту еден трофеј во клупските витрини.

Откако Фенербахче не се пласираше во главната фаза од Лига на шампиони, Мурињо доби отказ. Кратко траеше периодот на Мурињо без работа, затоа што веднаш беше ангажиран во Спортинг Лисабон, клубот во кој пред точно 25 години ја започна самосталната тренерска кариера.

На заминување од Фенербахче, Мурињо искажа зборови кои беа навредливи за сите оние кои го сакаат и почитуваат турскиот гигант. „Направив грешка кога го презедов Фенербахче. Тоа не беше на моето културно ниво, не беше ни на моето фудбалско ниво. Едноставно, не беа мое ниво. Давав сè од себе до последниот ден, но сега со Бенфика се враќам на моето ниво. Моето ниво е да ги тренирам најголемите клубови во светот“, рече Мурињо.

Сега, со реакција се јави претседателот на Фенербахче, Али Коч.

„Тренер на ова ниво се омаловажува себеси кога зборува на тој начин. Треба да се прилагодите на позицијата. Постои една изрека: „Само мртвите и будалите не се менуваат“, рече Коч, кој потоа додаде дека со Мурињо на чело на екипата, фудбалерите назадувале.

„Сите играчи од сезоната во која завршивме со 99 поени и 99 гола назадуваа. Еден играч игра одлично една недела, а следната не може ни да се биде дел од првите 18. Не знаеме зошто. Мурињо испраќа остри пораки, но јас ќе го паметам по добро. Сепак, тренерот се омаловажува себеси со вакви изјави“, потенцира Коч.

- Оглас -

Најнови вести