8.8 C
Skopje
среда, 19 ноември 2025

Мурињо го сака играчот кој беше голема надеж на Барселона

Жозе Мурињо прилично успешно го помина првиот месец како тренер во Тотенхем. Лондонскиот тим победи на шест од осумте меча, но поразите во дерби-дуелите против Манчестер јунајтед и Челзи се само потврда дека се потребни засилувања за да може Тотенхем да конкурира за место во топ-4 во Премиер лигата.

Според најавите од Англија, Жозе Мурињо се фокусирал на доведување на Адама Траоре од Вулверхемптон. Тоа е играч кој минатата година дојде кај Волците, кои му платија 20 милиони евра на Мидлсбро. Траоре има одлична сезона и во 27 средби има четири гола и шест асистенции.

Десното крило е познато по својата брзина, но и по тоа дека е „дете“ од познатата школа „Ла Масија“ на Барселона. Сепак, откако не доби шанса на „Камп ноу“, направи трансфер во Астон вила за сума од 10 милиони евра во 2015 година. Ако Тотенхем сака да го купи во јануари, најавите се дека мора да плати 28 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести