Мурињо го состави најдобриот тим од играчи на кои бил тренер

Жозе Мурињо веќе две децении е меѓу најдобрите тренери во светот. Почна како помошник во Барселона, а потоа започна и како прв тренер во Порто. Од Порто замина во Челзи, а седеше и на клупите на Интер, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Тотенхем и сега е во Рома.

Португалецот доби задача да состави тим од 11 фудбалери кои биле најдобри под негово водство. Мурињо се реши за формација 4-3-3 и меѓу најдобрите ги одбра: Чех, Занети, Тери, Карвалјо, Кол, Макелеле, Лампард, Озил, Кристијано Роналдо, Дрогба, Азар.

Меѓу најдобрите немаше место за играчи од калибарот на: Икер Касилјас, Марсело, Карим Бензема, Златан Ибрахимовиќ, Самуел Ето, Весли Снајдер, Ромелу Лукаку… Мурињо во времето кога беше на чело на Интер, во тимот со кој ја освои тројната круна, во нападот го имаше и нашиот Горан Пандев.

- Оглас -

Најнови вести